Филипче: Агрегатите на Клинички одлично функционираат, Итната помош ќе стасува за 15 минути

234

Агрегатите на Клиничкиот центар се во најдобар ред, изјави денеска министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, откако вчера и завчера се случи прекин во испораката на електрична енергија во Центар, па и скопските клиники некое време  останале без струја.

Универзитетската Клиника за гинекологија вчера соопшти дека бебињата во инкубатор не биле воопшто загрозени кога ЈЗУ ГАК останала без напојување со електрична енергија и нагласија дека секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот.

– Разговарав уште вчера со директорката на Клиниката и нема потреба од замена на агрегатотот, бидејќи го провериле и тој функционира одлично. Не била доведена во прашање безбедноста на новороденчињата. А осветлувањето во кругот на скопските клиники е подобрено уште претходно, кога беа заменети светилките – рече Филипче по доделувањето на Грантот од Јапонската влада во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Во врска со тоа дека кога ќе проработат пунктовите на скопската Служба за итна медицинска помош на периферија (Драчево, Сарај), министерот одговори:

– Ќе ги засилиме пунктовите за Итна помош со патронажни сестри и лекари кои неодамна се вработени и ќе направиме физичка распределба, така што итните случаи  во Скопје нема да чекаат повеќе од 15 минути за Брза помош.

Тој потврди дека уште не се ставени во погон возилата од Министерство за земјоделие, коишто се планирани за потребите на Итната помош, но нагласи повторно дека во нив само ќе се транспортираат пациентите, а нема да им се укажува здравствена услуга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...