Македонската карате репрезентативка и членка на клубот Макпетрол, Анѓела Мојсовска освои сребрен медал на турнирот кој викендот се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.
Таа во елиминацискиот дел имаше три победи, а во финалето загуби од домашната натпреварувачка Ивона Чавар.
На овој интернационалниот карате турнир „Karate World Grand Prix – Алија Изетбеговиќ“ организаторот КК Босна славеше јубилеј 50 години постоење.
Покрај Мојсовкса, Македонија ја претставуваа и Наташа Стефановска и Моника Стефановска.