Бред Пит призна дека не плачел 20 години

- Не сум плачел колу 20 години, но сега станав поемотивен. Ме трогнуваат децата, пријателите, вестите. Мислам дека тоа е добар знак - признава Бред Пит.

263
ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Магазинот „Интервју магазин“ објави подолг разговор воден меѓу актерите Бред Пит и Енрони Хопкинс во октомври и во текот на кој дошле, меѓу другото, до заклучокот дека луѓето стануваат поранливи со возраста.

– Не сум плачел колу 20 години, но сега станав поемотивен. Ме трогнуваат децата, пријателите, вестите. Мислам дека тоа е добар знак – признава Бред Пит.

На тоа Хопкинс, кој со Пит ги сминаше филмовите „Legends of the Fall“ од 1994 и „ Meet Joe Black“ од 1998 година, се надоврзува дека таквите солзи, како по правило, не се пролеваат поради тага.

„Кога стареете, откривате дека понекогаш само сакате да плачете. Не станува збор за тага. Станува збор за величието на животот“, коментирал 81-годишниот Велшанец добитник на Оскар.

Двајцата славни актера разговарале и за грешките сторени во минатото. Според Бред Пит, за луѓето не треба да им се суди само за грешките, туку за тоа како луѓето реагираат на нив,.

– Живееме во време го сите премногу си судате едни на другите за грешки. На ова му придаваме преголемо значење. Но секогаш ќе грешиме. Многу поважно е да се проследи кој чекор по слученото ќе го направат виновниците – истакнал Пит.

ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...