Премиерот Зоран Заев заедно со лидерите на земјите членки на НАТО вечерва беше присутен на прием кај Кралицата Елизабета Втора. Приемот во Бакингенмската палата се приредува за сите делегации, во чест на состанокот на лидери на НАТО.
„Официјална фотографија од нејзиното височество кралицата, принцот од Велс, генералниот секретар на НАТО и шефовите на држави и влади од земји кои ја формираат Организацијата на Северноатлантскиот договор во Бекингемската палата“, напиша Заев на Твитер.
Во друг твит на Твитер налогот на кралското семејство, во кој се објавени фотографии од пристигнувањето на делегациите во Бакингеманската палата се наведува дека НАТО Алијансата ја сочинуваат 29 држави со Северна Македонија, која е во процес да стане 30 земја-членка.