Ги изгуби нервите: Елтон Џон здивел и од авион фрлил торба „Гучи“ вредна 4.000 долари ВИДЕО

На излезот од неговиот приватен авион на аеродромот во Сиднеј, Елтон Џон направил вистинска драма.

2715

Британскиот музичар Елтон Џон, кој сè повеќе потсетува на разгалена дива, во понеделникот покажа дека лутењето без причина не е само за деца.

На излезот од неговиот приватен авион на аеродромот во Сиднеј, Елтон Џон направил вистинска драма. 72-годишниот пејач ја фрлил својата торба „Гучи“ вредна 4.000 американски долари по скалите на авионот, а потоа бесен влегол во возилото „ауди“ паркирано на пистата, пренесува „Дејли мејл“.

Маж од неговата придружба ја зграпчил торбата како ништо да не се случило.

Ова не е првиот испад на познатиот музичар во последно време. Во саботата на својот настап ги навредувал со погрдни зборови членовите на обезбедувањето на стадионот во Перт. На снимката од концертот се гледа како обезбедувањето се обидува да отстрани жена која премногу се приближила до сцената, а пејачот вреска по обезбедувањето.

– Еј! Вие двајца морони. Одете по ѓаволите! Веднаш да ја оставите на мир. Така не се третираат дамите, дебили и кукавици – врескал Елтон Џон .

Во март, го разгневил обожавател кој го допирал на концертот во Лас Вегас.

– Сега беше доста веќе! Нема веќе качување на сцената, а ти си виновен за сетоа тоа – му рекол вознемирениот пејач, прекинувајќи го концертот.

Елтон, наводно, е скршен од така поради смртта на мајката на неговиот сопруг Дејвид Фурниш.

Исто така, има многу закажани концерти во наредните денови, па е под голем стрес, велат блиските. Во наредните два месеци има дури 24 најавени настапи.

Bad flight? The 72-year-old British singer was seen hurling his $4,000 Gucci handbag out of the plane before stomping over to an Audi Q7 parked on the runway

 

FOTO: Printskrin/Dailymail.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...