Собранието утре ќе заседава за членот 11 од Законот за помилување

279

Собранието за утре во 14 часот ја закажа седницата на Законодавно-правната комисија на која треба да се расправа по Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија” број 20/1993), поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Претходно денеска Владата го испратила до Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, по што собранискиот спикер Талат Џафери го доставил до претседателката на Законодавно правната комисија Соња Мираковска.

Владата на денешната седница го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...