Пријавените ја загрозиле сигурноста на 11 службени лица – полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање, на начин што упатиле сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници.
Во поглед на кривично-правниот настан кој следел во хотелот неколку часа по сега пријавеното кривично дело, од страна на Министерството за внатрешни работи сѐ уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега пријавените лица.
Заради обезбедување на присуството на осомничените во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судот поднесе и предлог за определување мерки за претпазливост за четворицата осомничени: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените.