Грета со еколошка јахта пристигна во Лисабон ФОТО

Шведската активистка одбива да патува со авион, бидејќи се смета дека тоа превозно средство многу ја загадува околината. 

191

Шведската активистка Грета Тунберг денеска со еколошко пловило катамаран пристигна во Лисабон по три недели пловење по Атланскиот океан, од каде ќе го продолжи патот кон Мадрид каде што се одржува Конференција за климатски промени на ОН.

Тунберг, која пристигна од САД, ќе направи еднодневна пауза во Лисабон, каде ќе се сретне со други активисти.

Таа заедно со едно австралиско семејство плови со јахта која е еколошки прифатлива. Јахтата „Вагабонде“ е долга 15 метри, користи соларни панели и хидрогенератори за струја.

Шведската активистка одбива да патува со авион, бидејќи се смета дека тоа превозно средство многу ја загадува околината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...