Русковска: Јанева од алчност ѝ доверувала детали на естрадната звезда Боки 13

3543

Обвинителката во мега аферата „Рекет“ Вилма Русковска во своето воведно обраќање рече дека Обвинителството има несоборливи докази против тројцата осомничени и дека во текот на судскиот процес ќе докаже дека се виновни за делата за кои се обвинети.

– Имаше еден филм „Чарлиеви ангели“ и една госпоѓа која влезе во филм на една самопрогласена естрадна звезда Бојан Јовановски и мислеше дека никој ништо не ѝ може. Може ќе слушнете дека тоа што го направи Катица Јанева е поради наивност или осаменост, но обвинителството има несоборливи докази дека од алчност ја предаде довербата на народот, дека свесно и со умисла ѝ изнесувала детали од истрагата на самонаречената естрадна звезда Боки Јовановски што е спротивно на ЗКП. Јанева ја предаде довербата на народот, не се посрамоти себе си, туку ги посрамоти сите обвинители. Жртви не се тие од кои се земени пари, жртви сме сите ние  – рече Русковска во воведниот говор на рочиштето за „Рекет“.

Јовановски, додаде обвинителката, од осомничените во тие предмети барал големи суми пари, за да добијат условни казни или да бидат заштитени сведоци. Преку Милески, Боки 13 стапил во контакт со Ана Камчева.

– Ќе го слушнете тоа од нејзиното сведочење – додаде Русковска.

Таа исто така рече дека во текот на судскиот процес ќе се слушне дека Кичеец сакал да му помогне на Јордан Камчев како на брат, а не заборавил да земе торба со 1,5 милион евра. Ако е за брат многу е, додаде таа.

Рускоска најави дека ќе изнесе докази дека Боки 13 преку Кичеец први стапиле во контакт со Ана Камчева.

Претходно, Јовановски и Јанева се изјаснија дека не чувствуваат вина, додека Зоран Милевски – Кичеец го призна делото за „Рекет“. Откако Кичеец ја напушти судницата, процесна забелешка даде адвокатот Сашо Дуковски, кој рече дека не им бил дозволен увид во содржината на УСБ-то кое го доставил третообвинетиот Милевски Кичеец до Обвинителството.

– Доколку би ја знаеле содржината на овој доказ можеби нашата одбрана би се движела во друг правец – рече Дуковски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...