Фиона Виоти (30) спиела со ученици во училиштето Бишопс Дајосесан Колеџ во Кејптаун меѓу 2013-та и 2019-та година, потврдила истрагата. Омажената професорка по историја во едно од најелтините училишта во Јужноафриканската Република имала сексуална афера со барем пет ученици.
Секс-скандалот го обелоденил еден 18-годишен ученик, со тврдењето дека бил во „интензивна врска“ со неа и дека почнала да му врши притисок кога сакал да ѝ раскине.
“На почетокот се согласувал со се, но станал жртва кога не можел да и раскине. Професорката на почетокот му праќала пораки да се најдат во нејзиниот дом, но ситуацијата дошла до ниво кога му било доста од се”, вели родителот на ученикот и додава дека не сакала да остави на мир, па на крајот морале да се обратат кај директорот.
Фиона ја користела можноста да ги заведе тинејџерите и како тренер по ватерполо, а одненадеж во октомври дала отказ, неколку дена пред обвинението да се појави во јавност. Приватните инспектори кои ги ангажирало училиштето откриле дека таа таргетирала полнолетни ученици барем шест години, пред и по мажењето со инвеститорот Пол Виоти. Пронашле и нејзини експлицитни снимки кои кружеле во училиштето и на интернет, но не е откриено на кого ги праќала.
Професорката претходно се занимавала со манекенство и нејзините фотографии се појавиле и во престижниот магазин „Спортс илустрејтед“. Нејзиниот дедо бил директор на ова, инаку христијанско училиште, додека нејзиниот татко, како и таа, таму предавал историја.
Локалните медиуми пишуваат дека нема да има дисциплинска постапка бидејќи веќе дала отказ, но дека е малку веројатно дека ќе може повторно да предава.
Адвокатот на Фиона вели дека неговата клиентка оди на терапија кај психијатар, додека сопругот кажал дека се разделиле по скандалот.
FOTO: Jutjub/Skrinsot