Обвинетите Катица Јанева и Бојан Јовановски Боки 13 денеска се изјаснија дека не се виновни по предметот „Рекет“ во кој се второ и првоосомничени.
На прашање на судијката Васка Николовска Манаскова вина призна третообвинетиот Зоран Милевски Кичеец. Тој рече дека ова признание го дава доброволно и дека е свесен за последиците.
Ваквото изјаснување на Милевски поттикна раздвојување на предметот за Кичеец од обвинението за другите двајца.