Швајцарската сребрена монета од 20 франци ќе биде со ликот на Федерер

Тениската легенда Роџер Федерер ќе стане првиот жив човек со направена монета во негова чест – 20 франци со ликот на Маестро од јануари следната година.

268

Тениската легенда Роџер Федерер ќе стане првиот жив човек со направена монета во негова чест – 20 франци со ликот на Маестро од јануари следната година.

Триесет и осумгодишниот тенисер, 20-кратен Гренд Слем шампион, многумина го сметаат за најголем во историјата на спортот и е национален херој на Швајцарија. „Свисминт“ потврди дека 55.000 од монетите, вклучително и Федерер кој изведува бекхенд, ќе бидат произведени и достапни за претпродажба во вторник на 19 декември.

– Спортските достигнувања на Роџер Федерер, неговите добротворни иницијативи, неговиот одличен карактер го поттикнаа „Свисминт“ да му ја посвети оваа сребрена монета од 20 франци – за прв пат тоа да се случи на жива личност – изјави портпаролот на „Свисминт“.

Во пресрет на големата побарувачка, „Свисминт“ сподели дека уште 40.000 би можеле да бидат пуштени во продажба во мај, додека златната паричка од 50 франци, која има различен дизајн, исто така, ќе се произведува во 2020 година.

„Благодарам, Швајцарија и „Свисминт“ за оваа неверојатна чест и привилегија“, напиша Федерер на Твитер.

Последната спортско-ориентирана комеморативна монета беше објавена во 2015 година и го слави Хорнусен – традиционален швајцарски спорт што го практикуваат земјоделците (мешавина меѓу голф и бејзбол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...