Намирници кои никако не смеете да ги јадете пред спиење

Храната, особено доцниот оброк, може да го наруши сонот, затоа е важно да ги избегнувате овие намирници.

2666

Првото правило до кое треба да се придржуваме кога доцна навечер ќе нè нападне глад, е да не јадеме премногу. Храната, особено доцниот оброк, може да го наруши сонот, затоа е важно да ги избегнувате овие намирници.

НЕ на чоколадата
Ако јадете чоколада, кекс или колачи, ќе изедете веројатно многу шеќер. Освен што лошо ќе влијае на сонот заради шеќерот што го содржи во себе, чоколадата може да содржи и висока доза на скриен кофеин.

Иако чоколадата не содржи високи дози на кофеин, дури и малата доза може да ги запре хемикалиите кои го подготвуваат мозокот и телото за сон пред одењето во кревет. На нарушувањето на сонот може да придонесат и некои видови чај па дури и за кафето без кофеин, бидејќи може да содржи кофеин во дози кои се доволни да ги нарушат хемиските процеси во мозокот, предупредуваат стручњаците.

НЕ на мрсната храна
За да се сварат мастите од хранта треба повеќе време. Ова е добра вест ако сакате да сте сити подолг период меѓу два оброка, но не и за пред спиење. Значи, намирниците како што се млеко, јогурт, авокадо, јаткасти плодови (лешници, бадеми, ореви), сладолед, путер треба да се одбегнуваат. А, најлошо можеби е да се јаде сирење.

НЕ на киселите намирници
Околу 10 отсто од луѓето страдаат од рефлукс, а многумина не знаат дека причината за тоа би можела да биде киселата храна која се консумира навечер. Затоа, заборавате на сите оброци базирани на сок од домати кои се мошне кисели, а истото се однесува и на зачинетата и пржена храна.

НЕ на алкохолот
Го попречува ритамот на спиење, па затоа треба да се избегнува. Иако може во одредена мерка да помогне да заспиете, сепак, треба да се знае дека ќе го отежни длабокиот, закрепнувачки сон.

ДА на бананите
Бананите главно содржат лесно сварливи јаглехидрати. Брзото варење секако е цел која сакате да ја постигнете кога јадете доцна навечер. Освен тоа, тие се добар извор на магнезиум, кој помага во намалаувањето на хормонот на стресот и го подготвуваат телото да влезе во фазата на спиење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...