Марио Абдо Бенитес е новиот претседател на Парагвај

Со победата на 46-годишниот Бенитес, неговата партија Колорадо, која владее со Парагвај речиси непрекинато од 1947 година, ја задржува својата хегемонија над власта.

100

Конзервативецот Марио Абдо Бенитес победи на претседателските избори во Парагвај со 46 отсто од гласовите, соопшти Изборната комисија по пребројување на 96 отсто од гласовите.

Со победата на 46-годишниот Бенитес, неговата партија Колорадо, која владее со Парагвај речиси непрекинато од 1947 година, ја задржува својата хегемонија над власта.

Левичарот Ефреин Алегре доби 42,7 отсто од гласовите. Одѕивот беше 65 отсто.

Право на глас имаат 4,2 милиони луѓе, кои гласаа за составот на Парламентот и за гувернери на 17 области во Парагвај.

Изборите минаа во атмосфера на општо незадоволство од досегашниот претседател Орасио Картес, тутунски магнат, кој ветуваше економски раст, кој достигна околу четири проценти, благодарение на извозот на соја, месо и електрична енергија.

Тој, сепак, не успеа да постигне напредок ниту во борбата со сиромаштијата, ниту со корупцијата во Парагвај, оценет на 135 место од 180 земји од Транспарентност без граници на годишната листа на индексот за перцепција на корупцијата.

По вчерашното гласање, Картес призна дека пред Парагвај „претстои да се заврши многу работа: Имаме социјални долгови, тоа е недопустливо со нашето богатство и со седум милиони жители имаме такво ниво на сиромаштија”.

„Марито“, како што го нарекуваат новиот претседател, ветува дека ќе го реформира судството и ќе продолжи со економската политика на претходникот.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...