Свечените креации на „Кадора“ оваа сезона ја слават пролетта

Препознатливоста на модната марка „Кадора“ е и во употребата на квалитетни материјали во изработката на уникатни креации.

230

Сезоната на матурски прослави и свадби вообичаено започнува со месецот мај, па доколку размислувате како да се дотерате за вашиот значаен настан, од модното студио „Кадора“ предлагаат елегантни, рачно изработени креации кои ги следат актуелните трендови на луксузните модни марки.

– Оваа година трендовите кои доаѓаат од високата мода нѐ потсетија дека пролетта и природата, цветовите и пердувите, можат да бидат извор на многу креации. Голем дел и од нашите дизајни, наменети за свечените пригоди во претстојниот период, се инспирирани токму од пролетта. Палетата на бои е живописна, нијансите ја симболизираат разбудената природа, расцутените дрвја, розовите пупки, црвените булки – вели модната дизајнерка Никита Алексовска.

Препознатливоста на модната марка „Кадора“ е и во употребата на квалитетни материјали во изработката на уникатни креации.

– Од разновидна игра на квалитетни материјали со светкави детали, цветни апликации и принтови, до полежерни варијации на тема пролет, тоа е стилот на „Кадора“ за оваа сезона. И секако, не го исклучуваме тулот особено во дизајните за матурантките – додава Никита.

Модното студио „Кадора“ се наоѓа зад зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...