Пратеникот Фадил Зендели од Беса, кој е член на Законодавно-правната комисија денеска изјави дека не може да каже официјален став за барањето на СДСМ за автентично толкување бидејќи не го добил се уште, но вели дека принципиелно е против помилување и оти тоа што сега пред избори се прави е препукување или калкулации на политичките партии.
– Имајќи го предвид моментот кога е отворена иницијативата и дебатата во Уставниот суд, сега кога веќе се најавени наредните избори, ова се прави за политички препукувања или калкулации на политичките партии. Неспорно е дека лично како пратеник и како политичка партија сме биле против амнестија, затоа што сметаме дека државата и правосудните институции треба суштински да се борат со криминалот и корупцијата во државата, а не да има амнестија, а не да има аболиција. Ова посебно ако се работи за политичари од висок профил – вели Зендели.
Одбива да коментира за документ што не го видел бидејќи не сака стане дела „од играта на политичките партии што ја иницираа оваа постапка“.