Сигурно ќе се согласите дека ова никако не личи на традиционална празнична торта? Повеќе наликува на традиционалната мисирка што се прави за Денот на благодарноста?
Четириесет и девет годишната слаткарка Сара Харди од Англија, си задала нов предизвик – да направи торта за која ќе бидете убедени дека личи на празничната мисирка, традиционално јадење што се подготвува за прославување на Денот на благодарноста.
Откако го поставила видеото од својата креација на Инстаграм, многумина биле во шок кога сфатиле дека не станува збор за обична мисирка, туку за највкусната торта на светот.
На некои луѓе пак, тоа им било одвратно па рекле дека никогаш не би се осмелиле да пробаат „слатка мисирка“.
– Речиси 90 отсто од луѓето мислат дека тортата е одвратна, а ова е првпат да снимам нешто за јавноста. Важно е дека луѓето ја забележаа иако не беше наменето видеото за секого. Тортата е со цитрусен вкус, а марципанот е повкусен отколку што изгледа – изјавила таа.
FOTO: printscreen/youtube/Food Insider