Седници на неколку собраниски комисии

66

Седници денеска ќе одржат собраниските комисии за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, за труд и социјална политика и законодавно-правната.

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето во второ читање, како и Предлог – закон за странци во прво се на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање ќе ги разгледаат извештаите на двете институции за работата во 2017 година, како и Програмата за работата на УБК за оваа година.

Пратениците од Комисијата за труд и социјална политика ќе расправат за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица во прво читање.

Закондавно-правната комисија ќе одржи три седници, 60., 63. и 64-та. На дневен ред се повеќе закони, а на 60. седница меѓу другите се и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, сите во второ читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...