Кралицата Елизабета оди во пензија, принцот Чарлс се подготвува да стане крал за 18 месеци

Чарлс треба да ги преземе сите семејни работи и дневните обврски на неговата мајка.

563

Неговите планови се верува дека биле поттикнати од неодамнешниот педофилски скандал на неговиот брат, принцот Ендрју, објавија денеска британските медиуми.

Принцот од Велс, наводно, се сретнал со неговиот татко, принцот Филип, во Сандрингам минатата недела, каде разговарале за заминувањето на кралицата Елизабета Втора во „пензија“ во наредните 18 месеци.

Чарлс треба да ги преземе сите семејни работи и дневните обврски на неговата мајка.

Веста уследи откако лидерот на британските Лабуристи, Џереми Корбин, во интервју за „Скај њуз“ рече дека тој исто така сметал дека кралското семејство е преголемо.

„Мислам дека јавноста би сакала вакви промени и тие беа донесени во прв план поради дискусиите за однесувањето на принцот Ендрју – рече Корбин.

И Бретани Баргер, заменик главен уредник на „Ројал централ“, верува дека неодамнешната криза дефинитивно ја засили желбата на принцот Чарлс да го намали кралското семејство.

– Принцот Ендрју испадна од целата приказна. Мислам дека тој веќе нема да има никакви кралски должности. Сега е сосема сигурно дека ова важи и за неговите ќерки – рекол уредникот на кралскиот портал.

Ендрју се повлече од јавниот живот заради неговата поврзаност со скандалот со педофилот, милијардерот Џефри Епштајн, кој откако заврши во затвор , на мистериозен начин го загуби животот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...