Во Брдо крај Крањ денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП).
Шефовите на дипломатијата ќе разговараат за европската визија, безбедносните прашања и перспективите од дигиталното поврзување.
Во иницијативата на СЕЕЦП учествуваат Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Грција, Турција, Бугарија, Романија и Молдавија.
Состанокот на министерско ниво е под мотото „Југоисточна Европа за иднина“ (SEE4FUTURE) и ќе биде увод за самитот на шефови на држави или влади на земји членки на СЕЕЦП, што во Брдо кај Крањ ќе биоде одржан во вторник. Тие ќе разговараат за идната соработка во Југоисточна Европа.