Кумановските пожарникари цела ноќ гаснеле пожар на покрив на зграда

75

Кумановските пожарникари цела ноќ гаснеле пожар на покров на зграда на улицата „Сава Ковачевиќ” во близина на кумановската болница.

Од Територијалната противпожарна единица во Куманово денеска информмираа дека нема повредени лица. Оттаму велат дека пожарот првично настанал од запален оџак по што се проширил на покривот.

Според командирот на кумановската противпожарна единица Дејан Илиевски, пожарникарите интервенирале со едно возило во периодот од 20:50 до 00:50 часот.

– Вторпат интервенирале седум колеги со две возила од 1.30 до 7.5 часот утрово. Ја пробиле трската под покривот, се додека пожарот не бил ставен под контрола и изгаснат – изјави Илиевски.

Викендов, пожарникарите гаснеле пожар на викендица во селото Горно Којнаре, а интервенирале и на запалена бандера на „Никуљски пат”.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...