Дескоска: Е Антонио, Антонио… Од секогаш си бил фејкер

2377

Е Антонио, Антонио… Од секогаш си бил фејкер. Цел живот си се занимавал со местенки…. Вака министерката за правда Рената Дескоска му одговор на Фејсбук на пратеникот Антонијо Милошоски дека наводно поради нејзината роднинска врска со извесен Перо Бошков кој работел во СЈО, тој зел бонуси.

„ Кога ќе ми текне на јавно презентираниот разговор во кој Јанкуловска се чуди дека си предлагал некому да му се подметнат лажни лични карти со што си можел да го наместиш во затвор, се згрозувам од грозоморноста на твоите нарачки… Да не споменувам поигрување со човечки судбини да нарачуваш лустрација за судија… Очигледно е дека барањето за автентично толкување Ве извади од памет, па почнавте со приказните… во Ваш стил… без грам морал и чесност… Прво, Бошков не ми е братучед, туку сват, кој ништо од својата кариера, образование или имот не ми должи мене. Ниту сум го магистрирала, ниту сум го докторирала, ниту сум го вработила. Човекот е постар од мене… Второ, не знам што работел во СЈО, ниту колкав е неговиот придонес. Мојот став кон него е еднаков како кон сите останати во иста или слична положба. Никогаш не би бранела роднина, ако направил нешто незаконско. Тоа можеш да го видиш од примерот со Трајко Вељановски. Со него, имам крвна роднинска врска, за разлика од Перо Бошков, со кој немам ни капка крв заедничка. Но роднинството со некој не ме спречува да осудам се што е зло и нечовечко, како на пример 27 април, кој ти го помина во кабинетот на Трајко. Што си правел таму, ти знаеш…“ напиша Дескоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...