„Зелена револуција“ до Заев: Исполнете ги седумте барања па ќе се сретнеме со вас!

1434

Дваесет и деветте граѓански здруженија кои во петокот го организираа маршот ,, Зелена револуција“ денеска и одговорија на Владата дека немало потреба од средби во овој момент.

„Ние, претставниците на подолу потпишаните граѓански иницијативи, обединети како Зелена Револуција, сметаме дека во овој момент простор за нови средби со премиерот, или со други претставници на државните институции, може да бидат возможни, САМО доколку видиме реална и конкретна волја за соработка со граѓаните. Тоа е можно и остварливо, доколку премиерот, неговите министри и советници ангажирани на темата за животна средина, покажат дека сериозно го слушнале гласот на граѓаните, искажан на петочниот марш и по ИТНА постапка ги реализираaт следниве барања наведени во т.н. Зелена книга, а за кои не е потребно подолго време бидејќи зависат директно од волјата на премиерот и членовите на Владата:

1. Указ за итно носење на ДУП Гази Баба за Вардариште.

2. Јавното Обвинителство да отвори истрага за „Охис“ во стечај,

3. Да се усвојат на Влада измените и дополните на Законот за животна средина

4. Стопирање на процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со законот за прекршоци.

5. Поднесување на веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат.

6. Одземање на концесијата на Еуромакс за рудникот Иловица-Штука.

7. Одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.

Граѓанските здруженија велат дека поканата за средба со премиерот Заев им била доставена непосредно пред протестот во петокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...