Мицкоски бара аболирани да не се занимаваат со политика ВИДЕО

Не прифаќам амнестија, Заев и СДСМ ја наметнуваат темата за Уставен суд, затоа што прават подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта која треба да се испорача од Пендаровски, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

340

Заев и СДСМ ја наметнуваат темата за Уставен суд, затоа што прават подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта која треба да се испорача од Пендаровски, а кои се плашат од одговорноста за аферите сега, како и еден вид задоцнета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци.

Но треба да знаат сите до еден од власта, оние вмешани во Рекет 1, 2 па и во наредните продолженија, аферата „Кеш“, оние во криминалните тендери и афери, и сите оние кои сега или порано се огрешиле спрема законот дека јас аболиција не поддржувам и компромиси со правдата не правам, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

– И секој кој има дилеми нека се запраша една едноставна работа, како е можно Уставниот суд да не изгласа и расправа за ниту една иницијатива поврзана со СЈО, или како е можно цели три години оваа инцијатива да се држи во фиока, а токму сега на неколку месеци пред избори, во време кога власта е жива фатена во скандали и криминалии сето ова да стане тема во јавноста и да се стави на дневен ред. Темата со Уставниот суд покажува дека мора да има механизми за заштита од злоупотреба на амнестијата како алатка. Бидејќи јас не може да зборувам за принципи во политиката, а кога ќе станува збор за правдата да виткам кичма како Заев, тоа од мене не треба никој да го очекува – рече Мицскоски.

Тој рече дека од името на ВМРО-ДПМНЕ бара:

– Да се направат законски измени со кој ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.

– Да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија.

Мицкоски очкува ова да биде прифатено и од страна на СДСМ и од Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...