Македонската репрезентација може да игра на ЕП во најсилната група

290

Македонската фудбалска репрезентација може да игра во групата Ф на Европското првенство, која е најсилна, и која би ги вкрстила „рисовите“ против земји кои во минатото биле европски прваци, а две се актуелни европски и светски првак.

За да игра со Германија, Франција и Португалија, македонската селекција треба да се пласира на ЕП, но и Романија да биде учесник на завршницата. Ако Романците се пласираат на ЕП, тие ќе бидат во групата Ц со Украина, Холандија и Австрија, во спротивно, таму ќе се придружи С. Македонија, Косово, Белорусија или Грузија.

Ако Романија игра на ЕП, нашата селекција ќе биде во друштво со Германија, Франција и Португалија. Оваа група дефинитивно е најсилна, и би било интересно како награда за прво учество на ЕП да имаме три спектакуларни противници.

ГРУПА А (Рим и Баку): Италија, Швајцарија, Турција, Велс.

ГРУПА Б (Копенхаген и Санкт Петербург): Белгија, Русија, Данска, Финска.

ГРУПА Ц (Амстердам и Букурешт): Украина, Холандија, Австрија, победник од Д од Лига на нации (условно).

ГРУПА Д (Лондон и Глазгов): Англија, Хрватска, Чешка, победник од Ц.

ГРУПА Е (Билбао и Даблин): Шпанија, Полска, Шведска, победник од Б. јз

ГРУПА Ф (Минхен и Будимпешта): Германија, Франција, Португалија, победник од А од Лига на нации (условно).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...