Скопје се раззелени со 7.000 садници

324

Во есенската акција за садење што се реализира периодов, екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ засадија над 7000 нови висококвалитетни садници на различни локации во сите скопски општини. 

„Со есенските активности за разеленување на Скопје и уредување на нови зелени површини со висококвалитени садници беа разубавени поголемиот број градски булевари и улици и градските паркови. Како дел од акцијата подигнати се нови дрвореди, дополнети се постоечки дрвореди, обновено е средишното булеварско зеленило и уредени се нови зелени површини, како и мали зелени плоштади. 

Зазеленувањето и подигнувањето на нови зелени површини останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Оваа есен беше успешно искористена да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка што непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации“, соопшти Град Скопје. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...