Фудбалерот на Барселона, Уругваецот Луис Суаре кажа кои тројца напаѓачи би ги донел во клубот за кој што настапува веќе пет години.
– Има млади напаѓачи кои сакам да ги гледам како играат. Еден од нив е Абрахам од Челси, кој има одлична реализација, и се движи добро. Не дека е Уругваец, но и Макси Гомез е играч со карактеристики кои треба да ги има добар напаѓач. Истотака и Лаутаро Мартинез покажува високо ниво – iстакна Суарез.
Тој планира кариерата да ја заврши после Мундијалот во Катар во 2022 година, но уште е рано да се прават конкретни планови, бидејќи не се знае што може да се случи во следните две-три години, а ја исклучува можноста да работи како тренер.