На Меѓународен ден на некупување кај нас купувачка треска

Македонија е една од земјите каде Денот на некупување се одбележува во ист ден како и „Црн петок“. Инаку, Меѓународниот ден на некупување денес се одбележува во повеќе од 65 држави.

334

На 30 ноември се одбележува Меѓународниот ден на некупување (Buy Nothing Day) во знак на протест поради конзумеризмот. Денот на некупување е инициран од канадскиот уметник Тед Дејв во септември 1992 година во Ванкувер.

Наскоро иницијативата на Дејв почна да се појавува во различни кампањи во САД, Велика Британија, Израел, Австрија, Германија, Нов Зеланд, Јапонија, Холандија, Франција и Норвешка. Меѓународниот ден на некупување денес се одбележува во повеќе од 65 држави.

Но, исто така, Денот на некупување се одбележува во Северна Америка, Велика Британија, Финска и Шведска по Денот на благодарноста во САД, во истовремено со Црниот петок, додека на други места се одржува следниот ден односно последна сабота во ноември.

Компанијата „Адбастерс“ задолжена за промоција на идејата на Дејв истакнува дека одбележувањето на Денот на некупување „не е само за промена на вашите навики за еден ден туку за започнување траен животен стил на помалку трошење и произведување на помалку отпад“.

Различни собири и форми на протест се користат на Денот на некупување со цел да се привлече вниманието на проблемот со прекумерна потрошувачка. На пример, сечење со ножици на кредитните картички пред трговските центри. Тоа најчесто се прави во земјите каде Денот на некупување се одбележува во ист ден како и „Црн петок“.

Од 2009 година Денот на некупување дел од учесниците го одбележуваат така што не само ништо не купуваат туку ги исклучуваат и телевизорите, мобилните телефони, компјутерети, не возат автомобил, со цел да ја потенцираат важноста на природата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...