На дневен ред пред судиите во Уставниот суд во среда ќе се најде иницијативата за оцена на уставноста на Законот за амнестија кој се донесе во 2018 година, а се однесуваше за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, објави порталот А1Он.
Во иницијативата од засега непознат подносител се бара да се разгледа уставноста на членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија, со кој од кривичен прогон се ослободија најголемиот дел од обвинетите за „Крвавиот четврток“, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски и Богдан Илиевски и уште неколку обвинети.