Бучковски за СЈО: Јавноста е бесна кога виде што правела Катица Јанева, ова е хаварија

2289

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 поранешниот премиер Владо Бучковски зборуваше за Специјалното јавно обвинителство и рече дека тоа било симбол на мнозинството граѓани желни за правда, а сега тоа е големо разочарувањето.

Тој додаде дека постоеле сознанија дека се земаат енормно високи хонорари во СЈО, односно тоа било јавна тајна.

-Јас бев фрапиран кога видов дека има енормни хонорари, иако постоеле законски ограничувања. Јавноста е бесна, овој гнев што се истури е токму затоа што видоа што правела Катица Јанева и дел од другите обвинители. Јас не сум сигурен дека во 3 од предметите што се најмногу експонирани сега на судењето на 3 декември ќе гледаме сведочења. Значи не било рекетирањето само на Камчев, било рекетирањето во Поштенска банка на директори, кај директорите од македонскиот телеком. Имаме едно фрапантно сведочење исто така за неколку милиони евра барани од грчки бизнисмен за неговиот внук да не биде осуден – истакна Бучковски.

Тој потенцираше дека било кристално јасно дека по 30 јуни 2017 се што преземало СЈО било спротивно на законот.

– Затоа мислам дека и по оваа хаварија што ја доживеавме многу тешко ќе ја вратиме вербата во правдата, ова направи сериозна хаварија, нанесе сериозни штети на владеачката коалиција и судењето на 3 декември ќе биде сериозен тест за судството – додаде Бучковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...