ВЛАДИМИР МИЛЧИН Грција уценува, што е многу, многу е!

Грција сака да ни го издиктира Уставот. Ултиматумот треба да се одбие јасно и гласно.

5873

Катастрофална грешка е целата политика да се подреди на постигнувањето договор со Грција заради почнувањето преговори со ЕУ и поканата за НАТО. Зошто? Зашто Грција не преговара, Грција уценува. Грција сака наша капитулација. Грција сака да ни го издиктира Уставот. Што е многу, многу е! Ултиматумот треба да се одбие јасно и гласно.

Да, нам ни се важни и НАТО и ЕУ. Но, во актуелниот светски политички контекст во кој доминира Путиновата офанзива, Македонија не им е неважна на НАТО и ЕУ и тие би требало да ја притиснат Грција да не ја опструира безбедноста на Балканот така што ќе го спречува влезот на Македонија во НАТО и ЕУ. Не верувам дека тие се без аргументи и “аргументи” со кои ќе ја омекнат Грција.

(ФБ статус на Владимир Милчин)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...