Полицијата го истражува украинскиот гинеколог Вјачеслав Триполко обвинет дека продавал снимки од скриена камера поставена во неговата ординација. Снимки и фотографии од негови десетина пациентки биле пронајдени на порно страница.
Случајот бил откриен откако една жена која побарала да остане анонимна, се видела себеси на гинеколошки преглед на порно страница, додека докторот Вјачеслав Триполко ја прегледува со ултразвук.
Полицијата веднаш упаднала и ја пребарала гинеколошката ординација во украинскиот град Одеса каде што била пронајдена скриена камера. Полицијата открила повеќе снимки од голи пациентки, кои подоцна биле објавувани на сајтови со порнографска содржина.
Гинекологот Триполко е обвинет за илегално производство и дистрибуција на порнографија и му се заканува затворска казна од седум години.