ФИФА му изрече доживотна суспензија на Рикардо Тешеира

605

Поранешниот претседател на Бразилската фудбалска федерација Рикардо Тешеира од Светската федерација ФИФА доби доживотна забрана за вршење на работа во фудбалот.

Тешеира, кој во 2012 година си даде оставка, беше член и на извршниот комитет на ФИФА, а од советот за етика на ФИФА е прогласен за виновен, по обвинувањата за земање мито во износ од повеќе милиони долари и тоа во периодот од 2006 до 2012 година. 

Освен со суспензијата, 72-годишниот Тешеира е казнет и со 1 милион швајцарски франци, но не се знае како ФИФА може да му ги земе тие пари на Тешеира. Додека тој беше прв човек на бразилската федерација, „кариоките“ двапати (во 1994 и 2002 година) станаа светски прваци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...