Француската Влада ќе го повика турскиот амбасадор во Франција на разговор за да ја објасни изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го праша францускиот претседател дали има „мозочна смрт“.
Ердоган денеска изјави дека коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за НАТО одразуваат „болен и плиток“ поглед на нештата.
Тој му порача на Макрон дека треба да провери дали можеби тој не е „со мозочна смрт“.
Ердоган ја даде изјавата во Истанбул, осврнувајќи се на претходната изјава на Макрон дека НАТО е „во состојба на мозочна смрт“.
Француското претседателство соопшти дека турскиот амбасадор ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи за да ја објасни изјавата и додаде дека Франција и другите сојузници на НАТО чекаат јасни одговори од Турција во врска со нејзините намери во Сирија.
ФОТО: EPA / HECTOR RETAMAL / POOL