ПИСМА ОД ЛОНДОН Овци, сес­три и НА­ТО во на­ши­от град

Аме­ри­кан­ски­от прет­се­да­тел Трамп на­ја­ви де­ка ќе дој­де во Лон­дон. А ка­де што е Трамп, та­му се и мла­дите. Де­мон­странти. И по­воз­рас­ните. Де­мон­странти. Од­носно, Лон­дон баш не го са­ка Трамп. Па, ко­га ќе го види, про­тес­тира. Но и со Трамп и без него, овој НА­ТО со­бир е ис­то­риски. Ќе би­де мно­гу ин­те­ресно. Од по­ве­ќе при­чини.

730

Уште са­мо крв­на сли­ка што не по­ба­раа. Фо­тог­ра­фија, по­ба­раа. Не на це­ло тело, ко­ја на ба­ра­ње би ја вра­тиле, ка­ко на вре­ме­то кога, главно, деч­ков­ци­те ба­раа де­вој­ки пре­ку вес­ни­ци и са­каа да ви­дат ка­ко из­гле­да де­вој­ка­та што ќе им дој­де на сос­та­нок, за да не­ма (неп­ри­јатни?!) из­не­на­ду­ва­ња од са­мо пор­трет при­ло­же­на и наш­мин­ка­на фо­тог­ра­фија. Фо­тог­ра­фија, на бе­ла зад­нина, со оп­ре­де­ле­ни ди­мен­зии, без сме­ење, ве мо­лиме, ова е се­ри­оз­на ор­га­ни­за­ци­ја и не­ма шега. Зашто, ид­на­та не­дела, НА­ТО до­а­ѓа во на­ши­от град и ќе се сла­ви 70-го­диш­ни­на­та од по­стое­њето. Па, кој е тука, ту­ка е.

За но­ви­на­рите, со ак­ре­ди­та­ции. Фа­ла на пра­шање, имам. Ми се по­го­ди и фо­тог­ра­фи­ја­та и препо­ра­ката. За учес­ни­ците, со по­кани. Прет­став­ни­ци на си­те 29 зем­ји член­ки на Се­вер­но­ат­лан­тски­от со­јуз, плус кан­ди­да­ти­те – мо­ја­та глав­на тат­ко­ви­на – плус гос­ти плус, ка­ко и се­ко­гаш и се­ка­де ко­га се со­би­ра­ат прет­став­ни­ци на НА­ТО – лу­ѓе што про­тес­ти­раат. Од раз­лич­ни при­чи­ни и од раз­лич­ни про­ве­ни­енции. Со тоа што се­га има и при­чи­на плус. Аме­ри­кан­ски­от прет­се­да­тел Трамп на­ја­ви де­ка ќе дој­де во Лон­дон. А ка­де што е Трамп, та­му се и мла­дите. Де­мон­странти. И по­воз­рас­ните. Де­мон­странти. Од­носно, Лон­дон баш не го са­ка Трамп. Па, ко­га ќе го види, про­тес­тира.

Но и со Трамп и без него, овој НА­ТО со­бир е ис­то­риски. Ќе би­де мно­гу ин­те­ресно. Од по­ве­ќе при­чини.

Сла­ба ма­те­ма­тика

Во ме­ѓув­реме, пре­диз­бор­на­та кам­па­ња ту­ка се за­си­лува. Ги гле­да­ме и слу­ша­ме кан­ди­да­ти­те ка­ко ве­ту­ва­ат брда и до­лини, а по­тоа по­стои го­ле­ма ве­ро­јат­ност да ис­по­ра­ча­ат – ге­ог­раф­ски карти. Со по­ли­ња и овци. Ли­де­рот на кон­зер­ва­тив­ци­те и те­ков­ни­от пре­миер, Бо­рис Џон­сон, оти­де во Велс и до­де­ка про­мо­тив­но пре­диз­бор­но кам­па­њски стри­же­ше овци, ка­жа де­ка ако по­бе­дат, ќе вра­бо­тат 50.000 ме­дицин­ски сес­три во јав­но­то здрав­ство. Ама из­ле­зе де­ка ма­те­ма­ти­ка­та не му е сил­на страна. И дека, всушност, мис­лел 19.000 сес­три што се те­ков­но вра­бо­те­ни да се зад­ржат да не си одат и да се вра­бо­тат уш­те 12.000 од стран­ство. Пак не из­ле­гу­ва смет­ка­та на 50.000, ама не­ма врска, број­ка­та е фина, тр­ка­лезна, лес­на за пам­те­ње и уба­во звучи.

Ах, Бо­рис Џон­сон. И ма­те­ма­ти­ка­та му про­аѓа. Ка­ко 340-те ми­ли­о­ни за јав­но­то здрав­ство на цр­ве­ни­от дво­ка­тен ав­то­бу­сот со што го до­би брег­зи­тот, мус­ли­ман­ки­те ка­ко пош­тен­ски сан­да­чиња, и до­го­во­рот кој е ис­ти­от со тој на Меј, са­мо мал­ку за­мач­кан, па и ова со сес­трите…

Бо­рис Џон­сон ме пот­се­ту­ва на аме­ри­кан­ски­от прет­се­да­тел Бил Клин­тон, кому, и пок­рај тоа што бе­ше фа­тен со ра­ка­та во тег­ла со ко­ла­чиња, му се прос­ту­ваше, ка­ко на непо­слу­шно дете. Шар­ман­тен, ха­риз­ма­ти­чен. Бо­рис ве гле­да во очи и ви ка­жу­ва не­вис­тини, а вие му ве­ру­вате, заш­то са­ка­те да би­де така.

Џе­ре­ми Кор­бин, пак, ме пот­се­ту­ва на не­чиј по­воз­ра­сен тат­ко (или мајка), за ко­го зна­е­те де­ка има ис­кус­тво и ви­дел и по­ми­нал многу. Вие упор­но го учи­те ка­ко да ко­рис­ти мо­би­лен и ин­тер­нет за да би­де во тек со вре­мето, заш­то е 21. век и му ка­жу­ва­те де­ка тре­ба да ка­же из­ви­ни ко­га ќе згреши, а тој е упо­рен оти не мис­лел та­ка и не­ма што да се из­ви­ну­ва (ста­ра школа).

Дај­те ед­но ир­ско

И така, кам­па­ња­та е во тек. Мо­же да се ис­клу­чи те­ле­ви­зо­рот, да не се ку­пу­ва­ат вес­ници, на ра­дио да се слу­ша са­мо му­зика, ама се про­би­ва­ат ин­фор­ма­ци­и­те око­лу из­бо­рите, се про­би­ва­ат и до­пи­ра­ат до вас, са­ка­ле или не. Ду­ри и оние кои ве­лат де­ка не са­каат, оваа го­ди­на се сè по­мал­ку – но­ви три ми­ли­о­ни гла­са­чи се ре­гис­три­раа да ка­жат што мис­лат и за ко­го ќе гла­са­ат на 12 де­кем­ври. А и да се­ди­те дома, ќе ви чук­не не­кој на врата, не­кој од пар­тис­ки­те ак­ти­вис­ти и ќе ве пра­ша – што мис­лите, за ко­го пла­ни­ра­те да гла­са­те и ако му/и ка­же­те де­ка не зна­е­те или од­го­во­ри­те по ма­ке­дон­ски, де­ка „си­те се исти“, ќе ви нап­ра­ват вис­тин­ска из­бор­на ма­те­ма­тика. Во за­вис­ност од ак­ти­вис­тот. Ако гла­са­те за Кор­бин, гла­са­те за не­из­вес­ност, ан­ти­се­ми­ти­зам, со­ци­ја­ли­зам? Ако гла­са­те за Бо­рис, гла­са­те за из­мам­ник и сом­ни­те­лен не­об­мис­лен брег­зи­т­џија. Ако гла­са­те за зе­ле­ните, гла­сот ќе во оди во зе­ле­на дуп­ка и ниш­то не­ма да сме­ните. Ако гла­са­те за Џо Сви­сон од ли­бе­рал­де­мок­ра­тите, па тие не­ма шан­са да до­би­јат мно­зинство, са­ка­те гла­со­ви­те од нив да одат про­тив Бо­рис, и пак, за­рем са­ка­те ста­ри­от Кор­бин да ни би­де пре­ми­ер и да на­ци­о­на­ли­зи­ра што стигне? Са­ка­те Бо­рис да нè по­ве­де над­вор од ЕУ без уш­те еден ре­фе­рен­дум, гла­веч­ки над­вор, и да ги по­ка­чи да­но­ците?

Ја зат­во­рам вра­та­та по­ле­ка и раз­мис­лу­вам што са­кам. Са­кам – кафе. Ир­ско. Има сим­бо­лика. Ир­ци­те се во ЕУ и не­ма­ат на­ме­ра да си одат во дог­лед­но време. Фи­но им е таму. Ама ние, ка­де оди­ме ние?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...