Живот на улица: Продале сè и со своите деца живеат во автобус ФОТО

Објаснува дека досега најголем предизвик им претставувало тоа да одлучат колку долго да останат на едно место.

1515

Џед Хрис и Марта Ровик од Австралија го продале целиот свој имот и минатото лето решиле да живеат во автобус со своите две мали деца.

Со продажбата заработиле 40.000 долари, со што купиле автобус и целосно го реновирале. Реновирањето тралео 18 месеци а резултатот е удобен дом од само триесеттина квадрати, пишува „Дејли мејл“.

Се текот на годините тие станеле минималисти, а велат дека не им требаат пари за да бидат богати.

Пред венчавката во 2010 година парот патувал низ Австралија две години, а по раѓањето на првата ќерка одлучиле дека сакаат да заработуваат само преку интернет за што повеќе време да поминуваат заедно.

– Сите треба да ги намалиме своите трошоци. На почетокот беше тешко, но штом се преселивме на улица, се будам среќен затоа што знам дека го имама целото време на светот – вели Џед.

Објаснува дека досега најголем предизвик им претставувало тоа да одлучат колку долго да останат на едно место.

– Кога негде ќе се задржиме подолго, девојчињата почнуваат да ги тестираат границите па понекогаш и премногу се оддалечуваат – наведува тој.

Велат и дека имаат поддршка од своите семејства и признаваат дека и сами во некој момент посакуваат поголема куќа, автомобил, но тогаш сфаќаат дека за желби треба повеќе да се работи а помалку време да се поминува со семејството.

– Луѓето обично го променуваат животот и почнуваат да живеат по свое кога ќе се разболат и ќе почувствуваат дека смртта им е близу. Не сакавме да чекаме за да почнеме да ги живееме своите сништа – вели Џед.

 

 

Instagram/wander_jah_buslife

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...