Шкендија и официјално е новиот фудбалски шампион на Македонија, откако во Тетово го совладаа Шкупи со 2:0 во 29 -токоло на Првата македонска фудбалска лига.
За клубот од Тетово ова е втора титула во нивната историја и ја обезбедија на седум кола пред крајот на оваа сезона во домашното првенство.
Шкупи издржа во првото полувреме и не прими гол, но потоа Марјан Радески во 63 минута и Бесарт Ибраими во 82 минута постигнаа погодоци за победа од 2:0 на Шкендија.
Прилепска Победа со 2:0 го победи најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
Благоја Гешоски во 20 минута го постигна голот за водство на прилепскиот тим, а Зоран Даноски во 55 минута го постигна вториот гол за конечни 2:0.
Работнички убедливо го
Првото полувреме заврши без голови, а во вториот дел Работнички реализираше четири погодоци.
Виктор Ангелов во 54 минута го постигна првиот гол за водство од 1:0, а Кире Маркоски со два гола за две минути во 65 и 67 обезбеди предност од 3:0. Чарлс Гофри во 70 минута го постигна четвртиот гол за конечни 4:0.
Силекс ја победи Ренова со 1:0 во Кратово, а Академија Пандев славеше триумф од 0:2 против Скопје, на дуелот што се одигра во Кичево.