Италијански пратеник запроси колешка на седница на парламентот (ВИДЕО)

Неговите колеги од партијата со симпатии го проследија тој потег и го поздравија со ракоплескање.

370

Флавио ди Муро, пратеник на Северната лига во Италија, за време на говор на седница на Парламентот, извади прстен и ја запроси својата колешка од истата институција, Елиза де Лео.

– Елиза, ќе се омажиш ли за мене? – праша Ди Муро.

Девојката, инаку, е од истата партија.

Неговите колеги од партијата со симпатии го проследија тој потег и го поздравија со ракоплескање.

Претседавачот со седницата, сепак, имаше помалку разбирање за тоа и замоли да се запази редот во собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...