Папата Францискo доби нов папамобил како подарок и тоа од романскиот производител Дачија.
Aвтомобилот го донираше Рено груп, а клучевите му беа врачени на папата директно од Кристоф Дриди, директорот на Рено за Романија и директорот на Дачија, Хавиер Мартинет, извршниот директор на Рено.
Редизајнираниот Дастер е, се разбира, во бела боја, а главната разлика е заштитната купола со отворот. Практиката е од 1981 година по обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори, кој тогаш се возеше во отворена Кампањола.
Автомобилот сега е долг 4,34 м, широк 1,8 м, а со подвозјето е спуштен подот за 30 мм , веројатно поради рафинираниот мотор. Сите измени се направени во специјалното одделение Дачија во Романија, со помош на тјунерот Ромтинг.
Групата Рено сè уште е присутна во гаражата на Ватикан. Поточно, во неа има посебно место за Рено 4, еден од сегашните омилени модели на папата. Инаку, сите скапи автомобили од папската колекција беа продадени на аукција, а задржани се само евтините модели како Fiat 500L.
FOTO: Tviter/Printskrin