Почина пред 28 години: Најголемата тајна за Фреди ја чува жената која најмногу ја сакал

Кремиран е бидејќи тоа била негова желба, а пепелта била предадена на неговата поранешна свршеница Мери Остин.

1650

Од неговата смрт поминаа 28 години. Но, времето не му може ништо на Меркјури. Што е времето наспроти неговиот талент поради кој многумина велат дека тој е најдобриот пејач на сите времиња.

Најдобриот пејач на сите времиња е роден како Фарок Булсара во денешен Занзибар на 5 септемви 1946 година.

Родителите на популарниот пејач биле економисти, вработени во британска колонијална служба во Занзибар.

Фреди имал шест години помлада сестра Кашмира, а седум години бил испратен на школување кај неговата баба, во мало место во Индија покрај Бомбај.

Во училиштето покажал голем талент за пеење, играл тенис и бил неверојатен талент за музика. Брзо го совладал највисокото ниво на свирење клавир. Родителите го запишале на часови по музика.

Во училиштето го создал бендот The Hectics, а бидејќи еден член од нивната група не можел да го изговори неговото име му дал прекар Фреди кој го усвоиле и неговите родители, а подоцна и целиот свет.

Во групата „Квин“ Фреди беше пејач, но исто така и свиреше повеќе инструменти како клавир, синтисајзер, гитара во стилот на Џими Хендрикс.

Компонирал голем број песни за групата, а повеќе од половина од песните напишани се од неговата рака.

„Квин“ има статус на култна група, а Фреди е икона во светот на музиката.

Легендарниот пејач починал во 1991 година во Лондон. Кремиран е бидејќи тоа била негова желба, а пепелта била предадена на неговата поранешна свршеница Мери Остин која го наследила и неговиот имот вреден 20 милиони фунти во Западен Лондон, а таа до денес не открила каде се наоѓа пепелта на Фреди.

„Мислев: „О, Фреди, ми остави толку многу и толку голем товар“. Мислев дека нема да можам да се справам со тоа. Ме предупреди дека куќата ќе биде поголем предизвик отколку што сум свесна. Благодарна сум му на тоа што ме предупреди затоа што набрзо потоа се соочив со голема љубомора“ – раскажала Мери која со Фреди била шест години, а потоа се дознало дека е бисексуалец.

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...