Популарната пејачка крадела од Кејт и Вилијам

- Бевме толку многу возбудени кога ги запознавме Кејт и Вилијам па ѝ реков на Камила: „Укради нешто!, рекол водителот во емисијата.

426

Камила Кабело открила дека украла нешто од кралската палата кога била во посета на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Популарниот водител Грег Џејмс кој заедно со Камила бил во посета на палатата, самиот признал дека тој ѝ предложил сè на пејачката:

– Бевме толку многу возбудени кога ги запознавме Кејт и Вилијам па ѝ реков на Камила: „Укради нешто! Укради барем пенкало“ – вели популарниот водител.

– Ме предизвикуваш. Не прави го тоа – му одговорила Камила.

„Го ставив пенкалото во чантата на мајка ми, а таа веднаш ми рече: „Мораме да го вратиме пенкалото“. На тоа ѝ возвратив: „Не, тој ме предизвика, морав да го украдам“ – раскажала накратко пејачката Камила.

Кејт и Вилијам на објавата на Твитер сугерирале дека забележале дека Камила краде од нив така што искоментирале со емоџи со „крупни очи“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...