Заев, толку е сега разликата, ама не водите – толку заостанувате!

4212

Заев: На изборите во април ќе победиме со разлика од 60.000 до 120.000 илјади гласови.

Очајни се вакви изјави, кога и малите деца знаат каков е трендот и дека сопствените анкети на партијата покажуваат таква разлика, но за жал на штета на владејачката партија.

Наместо таквите изјави, ќе беше попаметно да се каже нешто реално, за луѓето да знаат што ги чека.

Да се направи нешто друго освен масовното купување на гласови. Сега е предоцна.

Подеднакво очајно е да се бараат скандали за политичките противници, кои беа скандал сам по себе, но ништо не се направи на тоа поле, напротив, се направи да поминат неказнето.

Сега приказната е извртена и да, тоа е перверзно, не дека луѓето забораваат, туку затоа што гледаат криминали и скандали кај актуелната власт, онаа која ветуваша чуда, а испорача само разочарувања, изгубена надеж и досега невидена апатија меѓу слободоумните граѓани.

Продолжете да се занимавате со хајки и ситни омаловажувања на она малку критичката јавност, верувам тоа е рецептот да го дозацементирате сопствениот пораз.

Ќе се случи најверојатно една ужасна промена на власта, но нема ништо поужасно од вака разочарани и убиени во поим надежи. Тоа народот тешко го простува, потешко и од криминалите на ВМРО.

Би требало нешто да научите од протестите кои го дрмаат светот. Сите имаат една заедничка нишка, а тоа е бунт од разочараност, не толку за промени, туку од разочараност од сите, особено од тие што ветуваа промени.

Од Колумбија до Либан, таа е мантрата.

За жал во Македонија наместо бунт и отфрлање на сите постоечки политички криминалци, работите ќе се решат тивко и стихијно, „демократски“, како што впрочем и ни доликува.

На избори да победат едни други криминалци.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...