Едно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ излетал од патот Неготино-Велес, на петстотини метри пред патарината Градско, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Повреден е возачот на патничкиот автомобил со скопски регистарски ознаки. Бил приклештен во возилото, па на лице место интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци која го извадила од возилото – појасни Додевски.
Нагласи дека во моментот не може да даде повеќе детали за случајот, бидејќи во тек е увидот на лице место.
Повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен од Здравствен дом Кавадарци во болницата во Велес.