Тројца повредени во сообраќајката кај Неготино, итно се пренесени во велешката болница

134

 Тројца повредени во сообраќајната незгода на автопатот Неготино-Градско со возило на Итната медицинска помош од Неготино се пренесени во Велешката болница.

Еден е полесно, а двајца потешко повредени, но сите се надвор од животна опасност.

Директорот на Општата болница во Велес, Божидар Бојаџиев за МИА изјави дека се прават ренген снимања на повредените за да се видат повредите по што ќе се одлучи дали ќе бидат задржани на лекување во Велешката болница или ќе бидат упатени во Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...