Американската глумица Сузан Сарандон на Твитер објави фотографии со застрашувачки модринки на лицето. Имено, како што самата појаснува потоа, таа претрпела тежок пад на граѓански собир во американската сојузна држава Њу Хемпшир.
– Мало лизгање, потрес на мозокот, скршен нос и изместено колено… Изгледа, нема да можам да се сретнам со луѓето во Њу Хемпшир, пред сè, со сенаторот Берни Сандерс. Навистина ми е жал што ќе ја пропуштам таа можност – објаснува Сарандон.
Освен глумата, Сузан е активна и во политиката. Лани беше меѓу 575-те жени кои полицијата ги уапси во Вашингтон пред Сенатот на протест против претседателот Доналд Трамп и неговите политики кон имигрантите.
– Итни случаи имаат потреба од визионерско лидерство. Сенаторот Сандерс верува во нас и во заедничкото делување за подобар свет. Тој се бори за социјална, расна и економска правда, и тоа – целиот негов живот. Многу порано пред да влезе во претседателската трка. Сега е време за ние да се бориме за него – додаде таа.