Унгарија одлучила да не учествува на Евровизија во 2020 година поради блиските односи на фестивалот со ЛГБТ популацијата, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на извор во државниот јавен сервис.
„Иако официјалните причини за откажување од учество на фестивалот не се соопштени, одлуката е донесена заради растот на хомофобичната реторика во Унгарија, каде премиерот Виктор Орбан започна политика на „ семејството над сè “, која има за цел помагање на традиционалните семејства и растот на наталитет“, пишува британскиот портал.
Претходно, претседателот на унгарскиот парламент го спореди посвојувањето на деца од истополови парови со педофилија, а на унгарската провладина телевизија Евровизија ја нарекле „хомосексуална флота“.
„Место да земеме учество во Евровизија, ќе поддржиме квалитетни продукции за унгарската поп музика“, изјавија од унгарската државна телевизија МТВА за „Гардијан“.