Заев контра Џафери: Има време за промена на изборниот модел

223

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања контра претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека има време за промена на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица.

– Два фокуси има врзани за измените на Изборниот законик. Во министерството за правда има работна група за препораките на ОБСЕ и ОДХР. Решението за изборен модел ќе го реши парламентот. За мене е неприфатливо да не се дојде на средба во парламентот за ова прашање. СДСМ застана зад нашето изборно ветување за една изборна единица и за отворени листи. Може отворени листи за локалните избори, а сега за парламентарните новиот изборен модел. Апелирам ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон овој предлог. Парламентот треба да го процесуира предлогот. Претседателот Талат Џафери не е тука и не сакам да зборувам, но сметам дека има време за промена на изборниот модел – рече Заев.

Џафери вчера изјави дека на неколку месеци пред избори и без консензус не е добро да се менува Изборниот законик.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...