Владата ги објави стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

137

Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам (2018-2022) и Националната стратегија за борба против тероризам (2018-2022) заедно со акциските планови се достапни на увид за јавноста, соопшти денеска Владата.

Национална стратегија на Република Македонија за борба против тероризам на македонски јазик е достапна тука. На албански овој стратешки документ е достапен тука.

Национална стратегија на Република Македонија за спречување на насилен екстремизам на македонски јазик е достапна тука.Документот на албански е достапен тука.

Двете стратегии беа усвони на 57. седница на Владата, која се одржа на 6 март.

Стратешките документи беа изработени од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, кој е раководен од национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Борче Петревски, кој има двајца заменици едниот задолжен за спречување насилен екстремизам, другиот за борба против тероризмот.

Во комитетот партиципираат 22 членови и 22 заменици-членови кои се постојано вработени во 21 министерство и институции на Република Македонија.

За време на изготвувањето на документи беа вклучени сите членови на Националниот комитет, експерти посветени на спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот, како и претставници од граѓанското општество, кои учествуваа на јавни консултации организирани во Скопје и Тетово.

Потребата за изготвување на нови национални стратешки документи е со цел да се пренесат активностите во спречувањето на насилниот екстремизам и радикализацијата на полето на превенцијата и да се примени сеопфатен општествен и институционален пристап при справувањето со овие безбедносни феномени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...