Петковски: Ќе имаме поголеми шанси на изборите ако воведеме една изборна единица

164

Шансите за успех ќе се зголемат доколку дојде до промена на изборното законодавство во насока на воведување на една изборна единица со низок праг или без праг за влез во парламентот. Но, и да не дојде до промена на изборниот модел нашите програмски определби и визијата за С.Македонија се конкурентни во однос на постојната политичка понуда на македонскиот политички пазар, смета претседателот на НСДП, Тито Петковски. 

Тој вчера присуствуваше на изборна конференција на општинската организација на партијата на којана која за претседател на општинскиот огранок беше избран Благојче Јакимовиќ.

 Петковски во неговиот говор дека е вистинско време да се направи радикален пресврт во трошењето на парите што граѓаните ги обезбедуваат во Буџетот, во насока на давање на апсолутен приоритет на образованието, науката и културата.

– Доколку сакаме вистински реформи на македонското општество, вложувањата во овие сфери треба да бидат наши капиталани инвестиции. Со помош на меѓународни финансиски институции и добро структурирана економска политика Северна Македонија може направи реформи во економската сфера и во еден пократок временски период, но спроведувањето на реформите во образованието, науката и културата бара еден долгорочен и прецизно нијансиран процес. Само тогаш македонското општество ќе се постави на здраве нозе. Се додека не изградиме темелен вредносен систем, умни поколенија со здрав менталитет, реформите во Северна Македонија, во било која сфера, не се можни – смета Петковски.

Како што рече тој, провинцијализмот и примитивизмот станаа новото гесло за привидот на единство во македонското општество, а националистичката идеологија стана нова парадигма.

– Со една мала група на луѓе од независната културна сфера и без системска насоченост не постои можност во општеството да се обликува критична свест  отворени умови кон разноликоста и естетски вкус кај мнозинството од граѓаните. Културата по дефиниција бара самосвесни личности, а не пасивни конзументи, а самосвесни култивирани личности може да продуцираат само стабилни културни институции, кои културата ја разбираат и поддржуваат како долгорочен проект за културно, творечко и естетстко обликување на вкусот, мислењето и вредностите на сите граѓани – рече Петковски.

 Тој истакана дека конечно една Влада во С.Македонија прави обид да му даде соодветен третман на човечкиот капитал, преку поместување на фокусот кон образованието, науката и културата, вклучително и ставањето на политички акцент на социјалната политика и здравството.

– Сите овие сфери од општественото живеење треба да се третираат како капитални инвестиции. Создавање на човечки ресурси кои на долги патеки за општеството во целина ќе донесат бенефити – рече Петковски и надополни дека овој курс треба да се надогради со поставувaње на општествени цели за радикална трансформација во делот на работните односи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...