Димовски наместо прашања, на Заев му прочита куп ветувања кои не ги исполнил

294

Бурни реакции на пратениците од мнозинството во Собранието предизвикаа констатациите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на седницата за пратенички прашања, бидејќи тој му се обрати на премиерот Зоран Заев читајќи негови ветувања од почетокот на мандатот, но не постави прашање.

На ова реагираше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој обраќањето на Димовски го оцени како катастрофално, на што Димовски одговори „добро испадна ова“.

– Премиере Заев во овој наплив од скандали и расипничко трошење на пари од власта имав дилема какви прашања да ви поставам, но оти ова се претпоследи пратенички прашања ќе потсетам на некои ваши ветувања како дека единствена давачка која е зголемена се акцизите, но потоа ги зголемивте даноци, нови патарини. Рековте ќе има меѓународ истрага за случајот Смилковско, ќе ги редефинираме државните институции за да бидат во служба на граѓаните. Дека ќе се градат нови ветрници во Овчеполието, ќе проработат Осломеј и ТЕЦ Неготино, Чебрен и Галичник ќе почне државата сама да ги гради, 35 километри од патот Охрид – Кичево ќе бидат пуштени. Дека топлификацијата во Битола ќе се спроведе,  14 општини ќе градат затворен базе. Ќе иницирате пред РСС истрага по писмото на Бејли дека некој диктирал судски пресуди,  па ништо од тоа. Дека сте обезбедиле 900.000 евра за филтрите на „Југохром“, дека УНЕСКО е задоволе од тоа што го работиме во Охрид, дека Франција и Холандија се поприлично резервирани за Македонија во ЕУ, за потоа да кажете дека Македонија доби датум. Може да читам ногу одговори и ветувања кои не се исполниле. Нема да поставам пратеничко прашање, задоволен сум од моментот дека оваа влада наскоро ќе го види својот крај – рече Димовски.

Потпретседателот Мисовски реагираше дека Димовски ја злоупотребил собраниската говорница бидејќи седницата за пратеничките прашања е наменета пратениците да ги прашуваат премиерот и министрите.

– Димовски ова е катастрофален однос кон колегите и кон владата. Оваа седница е седница за пратенички прашања -рече Мисовски.

На ова Димовски возрти:

– Добро испадна ова.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...